Овошен „рај“ за вашата кожа!!!

popara4 ноември, 20111min00
maska

Овошјето е најдобар лек како за вашето здравје, така и за вашата кожа. Чаша свежо исцеден овошен сок е гаранција за зачувување на младешкиот изглед. За беспрекорна кожа исто така се препорачуваат маски од овојше, кои и даваат на кожата хидратација и еластичност. За најдобри резултати, користете свежо овошје и правете си домашни маски, кои се најдоброто нешто што можете да и го понудите на вашата кожа.

Банана: Бананата е достапна во текот на целата година. Таа е одличен извор на железо, магнезиум и калиум и ги намалува менструалните грчеви. Банана е богата со витамин А, Б и Е, и помага при спречувањето на појавата на брчки и го забавува стареењето. Нанесете пире од банана на вашето лице, тоа ќе направи чуда за вашата кожа.

Лимон: Поради големото количество на витамин Ц, сокот од лимон е исклучително добар за вашата кожа. Пијте наутро чаша топла вода со лажичка мед и малку сок од лимон за да имате убава и нежна кожа. Сокот од лимон, во комбинација со мед се користи и за избелување на дамки и лузни од акни.

Јаболка: Јаболкото содржи голема количина на антиоксиданси кои го спречуваат оштетувањето на клетките и ткивата. Истражувањата покажаа дека јаболката содржат голема количина на еластин и колаген, кои помагаат кожата да остане млада.

Портокали: Портокалите ја подобруваат текстурата на кожата бидејќи се богати со витамин Ц. Како и јаболката, и портокалите содржат колаген, кој го забавува процесот на стареење.

Грозје: Покрај тоа што е вкусно, грозјето е богато со антиоксиданси и витамини кои се неопходни за одржување на беспрекорен тен. Направете овошна маска со комбинирање на една чаша пире од грозје со лажичка мед и една жолчка од јајце. Пред нанесувањето, измијте го лицето за да ги отстраните а нечистотијата и хемикалиите. Нанесете ја маската а по 10-15 минути исплакнете со лицето со млака вода.

Киви: Кивито е природен ботокс за вашето лице. Направете пире од киви и додадете две лажички мед. Измијте го лицето и нанесете ја маската, па по 10 минути измијте го лицето со млака вода. Повторувајте го процесот две или три пати неделно и ќе забележите неверојатно промена на вашата кожа!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *