Откачен Палестинец со такси газел луѓе пред ноќен клуб во Тел Авив:(

popara29 август, 20111min00
3853435

Седум лица се повредени во Тел Авив, ноќта помеѓу неделата и понеделникот, кога палестинец со украдено такси возило прегазил група граничари кои стоеле пред  ноќен клуб, а потоа извадил нож и почнал да ги боде.

Момче на возраст од дваесет години, украло такси возило во Тел Авив, и полесно го повредило такси возачот. Потоа се упатило кон граничната полиција, која била на должност пред ноќниот клуб “Клуб 17”, изјавил портпаролот на полицијата.

Клубот 17 е еден од најпрестижните ноќни клубови во Тел Авив, и е многу популарен меѓу младите. “Напаѓачот потоа излегол од возилото и почнал да ги напаѓа со нож граничарите и минувачите, извикувајќи “Алах Акбар”, изјавил портпаролот на полицијата, додавајќи дека во овој инциденти, вкупно биле повредени седум лица, од кои три биле во тешка состојба со сериозни повреди.

Полицијата веднаш го уапсила палестинецот и го префрлила во болница бидејќи бил повреден. Тој подоцна бил испрашуван од израелската служба за безбедност, изјави портпаролот.

Истиот извор напоменал дека во времето на нападот околу 1.000 млади луѓе танцување и се забавувале во Клубот 17.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma