Палма де Мајорка

27 јули, 20110
palma de majorka

Мајорка годишно ја посетуваат осум милиони туристи од целиот свет. На овој остров со богата историја и волшебна природна убавина, постојат дури 1495 ексклузивни хотели.

Покрај ексклузивни хотели, на островот се наоѓаат скоро три ијжлјади вили чии сопственици се воглавно богати странци-припадници на светскиот џет-сет. Меѓу нив се наоѓа и кралскиот летниковец “Marivent”, на шпанскиот крал Хуан Карлос I од Бурбон, кој летува исклучиво на Мајорка.

Палма се наоѓа на дното на заливот, кој се протега длабоко во Јужниот Остров. Градот има многу стари градби, кои може да ви покажат духот на минато и богата историја на овој остров. Во стариот дел на градот има тесни кривулести улици и во него се наоѓаат палати од 16 и 17 век. Во Палма може да ја видите и катедралата, црквата Сан Франциско, готски манастир, Белви замок, палатата Алмудани и многу други историски градби. Познат е и хотелот Гран, изграден во почетокот на 20 век, по идејата на големиот архитект Луис Доменик Монтанер. Тој е првиот дел од т.н. “модерни каталонски”.

Исклучителната клима во Мајорка привлекува туристи од целиот свет. Летата се топли и суви, а зимите се благи. Влажноста се карактеризира со мали флуктуации, задржувајќи просек од околу 70% во текот на годината, од која има корист човечкото тело. Сончеви денови без ниту еден “oблак” во небото, во просек има 170. Повеќето врнежи се во ноември и декември. Во просек до 75 врнежливи денови годишно.

Вниманието на туристите го привлекува забавниот парк Marineland, кој се наоѓа на дест минути од Палма, главниот град на Мајорка. На ова место се наоѓаат најдобрите делфини, морски лавови, пингвини,фламинга, гуштери, полинезиска градина, игралишта, кафетерија и плажа, кои се само дел од она што можете да го видите на ова место.

Поради културни и историски мотиви и природни рекреативни удобности, од некогаш малите рибарски села се создадени во многу атрактивни и посетени туристички места: Puerto de Andratks, San Telmo, Banialbufar, Puerto de Polensa, Alkudia, Kala Ratjada, Kala Bana, Porto Kolo (се смета за родното место на Кристофер Колумбо), Porto Krist (едно од најубавите места во Мајорка), Kala Figuera. Постојат и многу места во внатрешноста на островот со развиена туристичка функција: Valdemosa, Liuc, Deia, Alfabia, Soler …

Така, во градот Valdemosa, кој се наоѓа во планините околу 400 метри надморска височина, може да го посетите манастирот каде што зима 1839 година, ја поминале авторот Жорж Санд  и композиторот Фредерик Шопен. Тука се одмарале и познатиот шпански писател и филозоф Мигел Унамуно и поетот Рубен Дарио.

Доста посетени се и местата Инките (со работилници за кожа, крзно и керамика), AIgaida, Manakor (вториот по големина град Мајорка), а таму е исто така се наоѓа позната фабрика на бисери и накит, Perlas Majorika …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi