Макендонскиот репрезентативец Горан Пандев, ја отфрла можноста да го облече дресот на Џенова, како дел од размената меѓу овие два клуба.
Пандев требаше да биде вклучен како дел од трансферот на Родриго Паласи во Интер, но од тоа нема да има ништо.
27-годишниот Пандев имаше лоша сезона во дресот на Интер и не успеа да се избори за стандардно место во првиот тим на Интер.
Сепак, тој посакува да остане и да се бори за место во тимот, а им порача и на навивачите на Интер, дека сеуште го немаат видено најдоброто од него.
Пандев е подготвен тоа да го покаже следната сезона, а што ќе биде со трансферот на Паласио во Интер останува да се види.