Папандреу: На Грција и’ се заканува анархија

popara7 јули, 20111min00
Greece's Prime Minister George Papandreou delivers a speech during an economic conference in Athens
Грчкиот премиер Јоргос Папандреу предупредил дека насилните протести заради острите мерки за штедење, воведени на барање на меѓународните кредитори, се потенцијална закана од анархија и варварство кои ја рушат демократијата во Грција исто како и во минатото.
Мерките за штедење, кои меѓународните финансиски институции ги побараа во замена за паричната помош на презадолжената Грција предизвикале напади на политичарите и крвави демонстрации на улиците во грчката престолнина, каде дошло до судири помеѓу младите демонстранти и полицијата.
Еден неименуван владин претставник прецизирал дека Папандреу не мисли дека постои ризик од воспоставување на воен режим.
“Премиерот не мисли дека демократијата е во опасност. Тој смета дека насилството ќе овозможи антидемократско однесување и ги потсетил луѓето на историјата кога во Грција од 1967 до 1974 година владееле воените хунти“, додава грчкиот владин претставник.
Мерките за штедење, кои опфаќаат намалување на платите во јавниот сектор и зголемување на даноците, се воведени во текот на најтешката рецесија која ја погоди Грција од воспоставување на демократијата и се’ крајно непопуларни мерки кај грчкото население.
Извор: Нетпресс
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma