Направил електрична столица за сопругата која сакала да се разведе

7 јули, 20110
Electric-Chair1
Ендру Касл во гаража од семејната куќа направил вистинска електрична столица со која сакал да се освети на сопругата која му побарала развод.
Споил две жици и ја повикал сопругата во гаражата да поразговараат. Кога седнала, Британецот пуштил струја, но жената за среќа успеала во последен момент да стане и побегнала од налетот на струјата со јачина од 230 волти.
Касл бил уапсен откако се обидел да се самоубие со непозната направа, а вчера пак му започнало отслужување на 10-годишната казна.
Брачниот пар претходно живеел мирен живот во британско предградие и биле во брак 18 години. Но, се се’ променило кога сопругата почнала да зборува за развод.
Ендру полудел од таа идеја и се затворил со гаражата каде со месеци работел на електричната столица со која сакал да ја убие сопругата.
Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi