Богатата наследничка на еден од најпознатите ланци на хотели во светот, Парис Хилтон, ги шокираше сите кога на забава во Индија се појавила во премногу кратко припиено и проѕирно фустанче во кое сите можеле да и го видат задникот.
Парис во моментот се наоѓа во Индија на промоција на нејзината најнова колекција на чанти „Paris Hilton Handbags“. На забавата по повод претставување на колекцијата, буквално сите ги „ококориле“ очите кога ја виделе Парис во разголеното непристојно фустанче.
Па, ја разбираме донекаде најзината потреба за внимание. Парис се потешко привлекува внимание во Холивуд и неодамна нејзиното реално шоу беше откажано. Затоа, како добар бизнисмен, таа се спакува и замина за Боливуд, каде сеуште е интересна атракција.