Париз, Франција

17 јули, 20110
Pariz1

Париз е главен град на Франција, а воедно претставува и административен, политички, стопански, културен и образовно-научен центар на таа земја. Градот лежи на бреговите на реката Сена во северниот дел на Франција, во регионот Ил-де-Франс т.е. парискиот регион.

Големината на градското подрачје е ограничено уште во 1860 година и поради тоа Париз е со константен број на население од околу 2.200.000 жители. Меѓутоа во поширокото градско урбано опкружување, живеат над 12 милиони жители и со тоа овој регион е еден од најнаселените региони во Европа, по регионите околу Москва и Лондон.

Париз веќе неколку столетија наназад има значење за економијата, културата, политиката, образованието, уметноста и науката во светот. Во најново време Париз е и седиште на високата мода, модните брендови, како и луксузот и естетиката на живеењето.

Според податоците од 2005 година, Париз од градовите во Европа е со најразвинена економија и највисок БДП. Париз и парискиот регион со 534 милијарди € (2007) учествува со четвртина од вкупниот БДП на Франција. Во Париз се сместени и работат 37 од 500-те најголеми компании во светот според списокот Fortune Global 500.

Во Париз се сместени и многу меѓународни организации како УНЕСКО, Организацијата за економска соработка и развој (OECD), Меѓународната комора за трговија (ICC), како и неформалниот Париски клуб, додека пак во еден период тука било сместено и седиштето на НАТО.

Со годишна бројка од над 45 милиони туристи Париз е најпосетуваниот град во светот, како резултат на многубројните културни, историски и уметнички знаменитости, како и поради парковите и други атракции во градот. Поради тој факт Париз се нарекува и град на светлината или најромантичниот град во светот.

Ajфеловата кула(Eiffel Tower) е железна кула изградена на Марсовото поле, покрај реката  Сена. Тоа е највисоката градба во Париз и меѓу најпрепознатливите симболи не само на Париз туку и во светот. Кулата е именувана според нејзиниот архитект Густав Ајфел. Кулата е висока 300 метри, што одговара на околу 75 ката. Заедно со 24 метарската антена (72 стапки), структурата е висока 324 метри што одговара на околу 81 кат. Во времето кога завршила нејзината изградба во 1889година, кулата била највисоката градба во светот, а останала највисока сè до 1930 година. Денес преставува една од најпосетените туристички атракции.

Лувр (Louvre) е најголемиот музеј во светот. Сместен е во дворецот Лувр. Изграден е како утврдена палата за Филип Августус во центарот на Париз во оската на Елисејските Полиња. Делови од Лувр за првпат биле отворени за јавноста како музеј на 8 ноември 1793 година, за време на Француската револуција. Централниот двор, во кој се наоѓа пирамидата Лувр изградена во 1989, служи како влез во музејот. Музејот чува некои од најпознатите уметнички дела, како Мона Лиза, Девицата и Детето со Св. Ана на Леонардо да Винчи и Венера од Милос на Александрос од Антиок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi