Партизан гостува во Скопје, во Шкендија се надеваат на подвиг

popara21 јуни, 20111min00
finland-soccer-champions-league-2010-8-4-13-51-50

Откако ждрепката во Нион ги вкрсти прваците на Македонија и Србија, капитенот на Шкендија, Ферхан Хасани истакнува дека Партизан може да падне во реваншот во кој белградскиот тим гостува во Македонија.

“Партизан е многу тежок противник. Тој секако ќе биде фаворит, но нема да се предадеме. Напротив, на ждрепката и го посакувавме Партизан. Предноста која ја добивме во Нион претставува фактот дека првиот меч го играме на гости. Посакуваме да постигнеме гол во Белград, а потоа пред нашата публика, да направиме подвиг. ” – изјави фудбалерот на Шкендија, Хасани.

Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкендија квалификациите за Лигата на Шампионите нема да игра во Тетово на својот ‘матичен’ стадион, туку на “Арената Филип Втори” во Скопје, со оглед на фактот дека стадионот во Тетово не ги исполнува стандардите на УЕФА па и нема лиценца за меѓународни мечеви.

Првиот меч Партизан – Шкендија ќе се одигра во Белград на 12. или 13. јули. За реваншот на 20. јули Партизан во Скопје ќе може да доведе 2.000 навивачи.

Веднаш по ждрепката, српските медиуми запрашаа дали мечот во Скопје треба да биде прогласен од висок ризик. За ваквото размислување, српските медиуми, како што наведуваат, се потиткнати од честите меѓуетнички немири помеѓу навивачките групи во Македонија. Сепак, во интервју за српската агенција “Бета”, водач на навивачката група на Шкендија, популарните “Балисти”, кој сакал да остане анонимен, изјавил дека навивачите од Тетово околу мечот со Партизан ќе се консултираат со управата, но дека не сакаат инциденти.

“Сметам дека нема да има инциденти, и ние не сакаме провокации, а исто се однесува и на гостувањето на навивачите на Партизан овде.” – рекол тој навивач.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma