Пастор Малдонадо

popara24 август, 20111min00
0

Пастор Рафаел Малдонадо Мота e роден на 9 март 1985 година во Мараси, Венецуела. Тој е познат Формула 1 возач со потеколо од Венецуела. Пред неговото деби во Формула 1 во 2011 година, Малдонадо го освоил GP2 шампионатот во 2010 година. Тој во моментов вози за тимот на Вилијамс.

Првото искуство на Малдонадо во брзинските трки го имал во Италија во 2003 година. Тој се натпреварувал во италијанскиот шампионат во Формула Рено со тимот на Cram Competition, и се квалификувал на седмото место во шампионатот за возачи. Негови позначајни резултати биле три пласмани на подиум и една пол-позиција. Cram Competition исто така, влегол една рунда во германското  Формула Рено првенството во Oшерслебен.

Во 2004 година, Малдонадо со Cram Competition имал забележителен успех во Формула Рено шампионатот. Тој го освоил италијанскиот наслов, со осум победи и шест пол-позиции. Додека во европското првенство, Малдонадо бил осми во генералниот пласман.

Во 2005 година, Малдонадо напредувал во Формула Рено, но не добил можност да ја заврши целата сезона.

Во 2006 година, Малдонадо во Формула Рено 3.5 серијата возел за тимот на Draco Racing. Тој бил трети во генералниот пласман, со три победи, шест пласмани на подиум, и пет пол-позиции.
Настапите Малдонадо во FR3.5 биле доволни за да привлече интерес во GP2 тимовите, каде во 2007 година потпишал договор за Trident Racing тимот.
Во 2009 година потпишал за тимот на ART Grand Prix во GP2 првенството, а веќе во 2010 бил цел на тимот Campos Meta.

Малдонадо сепак не се изборил за место во тимот на Campos Meta, каде за кратко време објавил дека е близу до потпишување на договорот за тест возач и резерва во томот на Stefan Grand Prix, кој се обидел да се натпреварува во сезоната 2010, по повлекувањето на САД Ф1 тимот, кој оставил теоретски простор за уште еден нов тим. Сепак тимот на Stefan Grand Prix не му било дозволено да се натпреварува во сезоната 2010-та.

Кон крајот на 2010, Малдонадо бил ангажиран од Ф1 тимот на Вилијамс за сезоната 2011 година, на местото на поранешниот ГП2 тимски колега Нико Хулкенберг. На 15 ноември, Вилијамс потврдил дека Хулкенберг бил испуштен од тимот, и дека Малдонадо ќе биде негова замена. Малдонадо со неговото доаѓање во тимот на Вилијамс со себе донел и спонзорство од Венецуелската влада (преку државната нафтена компанија PDVSA).

Малдонадо сега за сега во Формула 1 натпреварите нема некои позабележителни резултати, но тимот на Вилијамс сепак гледа надеж во него и очекува во текот на првенството да го подобри својот пласман.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag