Патите ли од летна депресија?

popara15 јули, 20111min00
depression

Сезонската депресија е познато нарушување на расположението кое се појавува во зима поради недостаток на сончева светлина, но во ретки случаи може да се појави и во лето. Американските психолози дошле до заклучок дека помалку од еден процент од човечката популација страда од ретко психичко нарушување – летна депресија.

Луѓето кои страдаат од ова нарушување во летниот период немаат апетит, губат од тежината, спијат помалку од вообичаено, раздразливи се и вознемирени. Точната причина за ова нарушување сеуште не е позната, но се претпоставува дека причината е јаката сончева светлина и аголот под кој таа паѓа врз луѓето во летниот период.

Симптомите на летна депресија се сосема спротивни од симптомите на зимската, кај која личноста се дебелее, спие повеќе и страда од недостаток на енергија.

Летната депресија е ретка и погодува помалку од еден процент од популацијата, додека пак од зимска депресија страдаат околу пет проценти од популацијата. Во некои случаи, летната депресија може да го зголеми ризикот од самоубиства повеќе од зимската, бидејќи е поголема веројатноста тоа да го сторат нервозни и вознемирени, отколку летаргични личности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag