Paul McCartney планира по трет пат да стапи во брак. Тој ја побарал за жена својата девојка со прстен кој вреди 650.000 долари. Свадбената церемонија ќе биде во интимно друштво, за што се сложила и неговата идна сопруга.
Nancy изјавила дека Paul ја побарал за жена во Калифорнија при што таа многу се изненадила. Ме побара со дијаманстки прстен кој е од 1925 година, беше преубаво. Не ме прашувајте за датата на венчавката, само знаеме дека ќе биде наскоро и ќе биде во круг на нашите најблиски, изјавила таа.