Педофил што пленел на “Фејсбук” девојки

5 октомври, 20111
news_26398

Мајка на четиринаесет годишно девојче од Ниш, Марија Н. најави дека ќе поднесе кривична пријава против дваесет и пет годишен маж, од населено место во близина на Јагодина, кој со нејзината ќерка контактирал преку “Фејсбук”, а потоа со денови ја малтретирал со блудни и заканувачки пораки.

Поради претрпениот стрес и страв, девојчето морало да побара помош од психијатриско лице. Родителите се помош на полицијата, но со примена на доста лукавство, на крајот успеале да го откријат вистинскиот идентитет на педофилот кој ја малтретирал нивната ќерка, а на кого очигледно не му било првпат.

– Она низ што поминавме претставува вистински кошмар и треба да биде предупредување до сите родители. Се започна во почетокот на јануари оваа година, кога нашата ќерка на “Фејсбук” профилот доби нов пријател, наводно од девојка со име Јована М., која имала 16 години, притоа не знаејќи дека зад лажниот профил, всушност се крие возрасен маж – ја започнува својата исповед Марија.

Објаснува дека во тој период немале интернет дома, па девојчето и ја дала лозинката од својот профил на другарка од училиште со цел да влегува и да проверува дали има нови пораки.

– Кога нејзината другарка и рекла дека има барање за ново пријателство од извесна Јована, најпрво си помислила, дека тоа мора да биде една нејзина другарка и рекла да ја прифати поканата за пријателство. Јована ги побарала нејзиниот телефонски број. Бидејќи, ќерка ми пред некој месец го изгуби својот телефон, помислила дека нејзината другарка  и го нема новиот и така го испратила својот број – вели Марија.

Во меѓувреме, дома инсталирале интернет, па тогаш ќерка и видела дека тоа не е нејзината другарка, но во тој момент ништо не и станало сомнително. Но, тогаш од “Јована”, следувале прашањата “Дали си девица”, “Дали имала веќе сексуални односи”, поради што девојчето се вознемирило.

– “Јована” на 18-ти јануари почнала постојано да и се јавува на телефон. Ќерка ми не одговараше на повиците, но повиците продолжува, иако и испрати порака да не ја вознемирува. Тој ден класниот раководител ја допрати до дома, бидејќи премногу се исплашила. Во почетокот, мислела дека се работи за девојче, но тогаш манијакот си го покажал вистинското лице. Таа почна да добива непристојни пораки и разни одвратности. Не престана да се јавува дури и кога јасу му се јавив и му се заканив. Ќерка ми стануваше страшно исплашена и вознемирена, така што на крајот побара психијатриска помош. Кога на 22-ри јануари ќерка ми доби уште една одвратна порака, побарав помош од полицијата – раскажува Марија.

Полицијата дошла до телефонскиот број на уште две девојки со кои контактирал истиот човек. Една од девојчињата која се сретнала со него и со која повеќе не контактирал, го дала неговот опис.

– “Јована М.” на лажниот профил користел туѓа фотографии и име и така го “создал“ својот профил. Но, сепак не знаевме каде е. Тогаш јас и мажот ми направивме лажен профил со лажно име и лажни слики од тинејџерки и пративме покана за пријателство до тој човек. По седум дена тој ја прифати поканата за пријателство. Успеавме да му влеземе во профилот каде што најдовме слики и потребните информации…

Во телефонскиот именик ја најдов неговата мајка и се јавив. Најпрво се претставив како негова пријателка и ја замолив да ми го даде мобилниот број. Тоа беше бројот од каде што пристигнуваа страшните пораки и малтретирање. Потоа повторно отидов во полиција. Минатата недела бил повикан во полициската станица на сослушување. Полицијата многу ни помогна во сé, но за жал, законот не не заштитува добро – раскажува мајката на девојчето.

Марија Н. наведува дека добиле информација дека полицијата не може кривично да го гони, бидејќи “немало закани за живот и дека единствено можеме да поднесеме тужба за малтретирање”.

– Имаме извадоци од пораките кои ги испраќаше. Ние ова го правиме не само за нашето дете, туку ваквото малтретирање да не го доживеат другите деца – вели на крајот Марија.

One comment

  • Vasko

    18 ноември, 2012 at 18:13

    Ovie roditelite na “devojceto” go sijat vo sekoj pogled toj 25 godisniot momak, vklucuvajki i pravenje na lazni profili, pretstavuvanje kako prijateli (sekako lazno)

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi