Песочен Дизниленд
30 септември, 20110
Шеесет огромни скулптури од песок изникнаа преку ноќ на околу 10,000 метри квадратни и ги изненадија сите посетители на традиционалниот фестивал на песочни скулптури на островот Жоушан во провинцијата Жечијанг на истокот на Кина.
Посетителите беа изненадени кога наместо вообичаените скулптури ги здогледаа Мики Маус, Пајо Паторот, Аладин, Вини Пу, Снежана, Ариел и многу други Дизниеви цртани ликови.