Погледнете ја листата на пет најлуди сексуални фантазии на понежниот пол кои, според истражувањата, се дел од фантазијата на повеќето жени.
Снимање: Верувале или не, последните истражувања покажаа дека жените всушност уживаат додека се снимаат при сексуалниот чин. Иако на прв поглед се чини дека жените се срамат од таа помисла, сепак многумина од нив би уживале да се снимаат доколку се сигурни дека снимката нема да падне во погрешни раце.
Владетелка: Улогата на доминантна владетелка која ги покорува мажите е фантазија како на жените, така и на мажите. Жените сакаат да имаат контрола и да го натераат мажот да прави се што тие посакуваат. И да, оваа фантазија вклучува лисици, превези и камшици.
Тројка: Секс со две жени одеднаш е еден од најомилените машки сексуални фантазии. Сепак, истражувањата покажуваат дека огромен број на жени исто така би сакале да пробаат секс со нивниот партнер и со уште една жена. Експертите велат дека оваа фантазија се должи на фактот дека жените по природа се љубопитни и дека сакаат да откријат како е да се има секс со припадничка на истиот пол.
Секс на јавно место: Секс на плажа, во авион или паркингот го зголемува адреналинот и го прави самиот сексуален чин напнат и интензивен. Жените сакаат да имаат секс на јавно место, бидејќи многу од нив се возбудуваат при помислата дека можат да бидат откриени во секое време.
Груб секс: Иако повеќето жени влегуваат во сексуални односи со чувства, повеќето од нив сакаат понекогаш да имаат див и груб секс, нешто како сцена од филмот “Основен инстинкт”. Доколку и пристапите вистински, скоро секоја жена ќе ви дозволи и малку грубост во сексуалниот однос. Сепак, внимавајте, затоа што секоја жена си има своја граница на толеранција.