Мажите не се сложени и комплицирани суштества, и најчесто она што ќе го кажат тоа и го мислат. Меѓутоа понекогаш и не ги кажуваат своите мислења со цел да не не навредат. Научете кои работи најмногу ги нервираат мажите и престанете да ги правите.
Девојка на диета
Девојка која постојано јаде салата и изгледа како да во секој момент ќе се онесвести, не само што не е забавна него и со своето однесување покажува дека е многу искомплексирана, а машките тоа не го поднесуваат. Ако сте се одлучиле за правилна исхрана и диета правете го тоа малку посуптилно. Мажите сакаат жени кои имаат килограм повеќе, жени кои се забавни и полни со самодоверба отколку слаби кои во секој момент си ги бројат калориите.
“Лоша“ девојка
Колку и да е забавно девојката да се дружи со неговите пријатели да гледа спорт или да пие пиво, оставете ги тие моменти за машкото друштво. Не заборавајте дека сте девојка која треба да има и женски манири.
Девојка која постојано збори за емоциите
На нас жените ова ни е тешко за разбирање, но мажите мрзат да зборуваат за емоциите. Затоа тие „посебни разговори“ чувајте ги за други моменти, моменти кога треба да се донесе некоја одлука, а во секојдневниот живот дозволете му на мажот да покаже што всушност му значите.
Мамина девојка
Дали си ги испра алиштата?, Дај да ти ја испеглам кошулата! Јадеше ли на работа? – прашања кои ќе го избркаат и нај размазениот маж, и најлошо да ве претворат во доживотен роб на неговите потреби. Мама е мама, а девојка е девојка, затоа не дозволувајте вашата преголема грижа за партнерот да ја убие привлечноста меѓу вас.
Девојка која флертува
Колку и да сакаат мажите жена која е посакувана, никој маж кој има малку самодоверба нема да трпи додека неговата девојка флертува со други мажи. Време е да сфатите дека со таквиот начин на однесување не го правите мажот љубоморен тука напротив го зајакнувате неговиот став дека не го почитувате.