Петте најважни настани од 2011 година!

19 декември, 20110
investing-outlook-2011

На 2011 и се ближи крајот, па затоа светот веќе ги собира и ги селектира најважните настани и впечатоци што ја одбележаа оваа година. Погледнете кои се настаните за кои најмногу се пишуваше во оваа 2011 година:

Убиството на Осама Бин Ладен

На прво место секако се најде убиството на најбараниот терорист Осама Бин Ладен. По десет години активно трагање за најбараниот терорист на 2 мај оваа година тој беше убиен, а по 24 часа и погребан во море.

Смртта на Гадафи

Полковникот Гадафи кој со Либија владееше од 1969 до 2011 година беше убиен од страна на бунтовниците на 20 октомври. Гадафи беше фатен и убиен во неговиот роден град.

Цунамито во Јапонија

На 12 март оваа година Јапонија беше погодена од катастрофален земјотрес кој предизвика цунами. Според проценките зејотресот и цунамито предизвикаа штета од 300 милијарди долари, а загинаа повеќе од  18.000 лица.

Кралската венчавка

Венчавката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се одржа на 29 април во Лондон. Самата венчавка чинела околу 20 милиони фунти, а присуствуваа познати личности од целиот свет.

Оставката на Хосни Мубарак

Хосни Мубарак четвртиот претседател на Египет беше на власт од 1981 до 2011 година. Мубарак беше соборен од власт по 18 дена масовни демонстрации за време на револуцијата во 2011 година. На 11 февруари земеник претседателот Омар Сулејмани изјавил дека Мубарак поднел оставка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi