Познатиот француски моден дизајнер Pierr Cardin одлучил да го продаде својот бизнис за 1,4 милијарди евра, но планира да остане креативен директор, објавуваат старнските медиуми.
88 годишниот дизајнер се решил на овој чекор бидејќи немал наследник, па сметал дека е време да бара соодветна замена.
Тој имал уште еден ваков обид, но завршил неуспешно кога пред неколку години го продал својот бизнис за 500 милиони евра, но купувачот не се појавил и зделката пропаднала.
Овој бренд за прв пат на пазарот се појавил во 1950 година, а денес го има во 140 земји, врз основа на 800 лиценци.