Пронајдено мумифицирано тело на плејбој зајачица?

3 мај, 20110
ivetv

Мумифицирано тело, за кое се верува дека се посмртните останки на една од првите плејбој зајачици, било пронајдено во стара и трошна куќа во Беверли Хилс. Сопственичка на куќата била Ивет Викерс, глумица во филмовите од B продукција, позната како плејбој мисица од месец јули од 1959 година.
Една жена од соседството го пронашла телото минатата недела, поради тоа што и било сомнително писмото во поштенското сандаче, кое никој не го отварал подолго време. Куќата била преполна со кутии, прозорецот бил скршен, а телото било пронајдено на горниот спрат. Полицијата соопштила дека немало знаци на насилен влез во куќата, а патолозите се уште утврдуваат за кого станува збор. Викерс е родена како Ивет Ведер во Канзас Сити, а најзина последна улога била во филмот “Зли духови“ од 1990 година.

http://www.youtube.com/watch?v=kO1rTrE0hDY&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *