Пијан скопјанец до смрт го претепал својот брат

popara14 јуни, 20111min00
MVR

Пијан скопјанец до смрт го претепал својот брат во сопствениот стан, по претходна вербална расправија, информираат од МВР.

Имено, во стан во скопската населба Аеродром на 10 јуни околу 19,30 часот најпрво настанала вербална расправија помеѓу Д.Р. (49) и неговиот брат Иљчо Р. (46) кои биле во алкохолизирана состојба.

Лицето Д.Р. почнал да го удира со тупаници и клоци по целото тело, нанесувајќи му тешки повреди во главата, по што го оставил својот брат на креветот од неговата соба.

Од страна на нивниот сосед телефонски е пријавено во полициската станица “Аеродром“ дека во соседниот стан се слуша карање и тепање, по што било излезено на лице место и од нивна страна извршен бил разговор со Д.Р. кој негирал дека во неговиот стан имало карање и тепање.

Откако полицајците си заминале Д.Р. го оставил повредениот брат во неговата соба, без да му укаже лекарска помош, се до 12 јуни кога влегол во неговата соба и забележал дека истиот е мртов, кога и повикал брза помош која констатирала смрт.

По пријавувањето на настанот од страна на Увидна екипа во присуство на Истражен судија од Основен суд Скопје 1, Јавен Обвинител и двајца обдуценти од Институот за судска медицина на лице место извршен е увид.

По наредба на Истражниот судија телото на починатиот Иљчо Р. е предадено на обдукција, а собата во која е пронајдено телото од страна на увидната група е запечатена.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag