Пингвините се однесуваат како навивачи?

3 јуни, 20110
penguin-march

Научниците знаеле дека пингвините за време на јаките зими на Антартикот со часови стоеле збиени едни до други, за да можат да одржат топлина, но од неодамна открија дека за нивното греење бил заслужен “мексиканскиот бран“, својствен за навивачите од стадионите.

Истражувачите од Универзитетот во Нирнберг откриле вистинска загатка, на кој начин успеале да се стоплат пингвините на рабовите од толпата, како и оние кои биле во средината каде температурата достигнувала и до 25 степени целзиусови.

Мистеријата ја решила една снимка на која се забележало дека пингвините се поместуваат во скоро незабележливи бранови, исто како навивачите на стадионите.

Како што било соопштено од  BBC, сниката била направена во текот на зимата на копнениот лед на Антартикот, каде температурата во зима паѓа и до минус 45 степени, а ветровите дуваат со брзина од 180 километри на час.

Во овој период пингвините стојат збиени едни до други, понекогаш и илјадници од нив, за да можат да ја задржат топлината. Научниците сметале дека оваа толпа која била толку густа било невозможно да се поместува.

Но, камерите кои снимале една колонија на пингвини на секои 1,3 секунди во текот на подолг период, откриле дека групата била далеку од статична маса.

Колонијата мирувала поголемиот дел од времето, но на секои 30 до 60 секунди некои од пингвините малку се поместувал, а тоа се пренесувало како бран на целата група, изјавил еден од челновите на истражувачкиот тим.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi