Pink Floyd

21 јуни, 20110
pink_floyd-1033

Pink Floyd е англиски рок бенд кој стана препознатлив по нивната психоделична или спејс рок музика, и, со текот на времето, по нивната прогресив рок музика. Познати се по нивните филозофски текстови, експериментирањето, иновативните корици на албумите и ненадминливитеперформанси во живо. Едно од нивните најголеми достигнувања во рок музиката, е продажбата на повеќе од 200 милиони албуми низ светот вклучувајќи 74.5 милиони албуми само во САД.

Пинк Флојд имаа добар успех на главната (комерцијалната) сцена и беа еден од најпопуларните бендови на Лондонската андерграунд музичка сцена во доцните шеесети како психоделичен бенд водени од Сид Берет (Syd Barrett); како и да е, непредвидливото однесување на Берет ги примора неговите колеги да го заменат со гитаристот и вокал Дејвид Гламур (David Gilmour). По заминувањето на Берет, вокалот и басистот Роџер Вотерс (Roger Waters) постепено стана доминантен и беше водечка сила на бендот во доцните седумдесети, се до неговото заминување од бендот во 1985. Бендот сними повеќе албуми, достигнувајќи светска слава со The Dark Side of the Moon(1973), Wish You Were Here (1975), Animals (1977), и The Wall (1979). Во 1985, Вотерс ги нарече Пинк Флојд “потрошен материјал“, но преостанатите членови, водени од Гилмур, продолжија да снимаат и да настапуваат под истото име. И покрај тоа што беа обвинувани од Вотерс во врска со правата на името, тие повторно доживеаја светски успех со A Momentary Lapse of Reason (1987) и The Division Bell (1994). По долг период, без судска одлука, тие добија согласност од Вотерс за користење на името. Вотерс настапуваше со бендот за прв пат по 24 години на 2 јули 2005 година на London Live 8 concert.

http://www.youtube.com/watch?v=tkJNyQfAprY

http://www.youtube.com/watch?v=ntm1YfehK7U

http://www.youtube.com/watch?v=uLJ_QVfT_wM

http://www.youtube.com/watch?v=BLKiMbC6s2k

http://www.youtube.com/watch?v=0wtiNzci1Wc

http://www.youtube.com/watch?v=v5_0iZQ-TuA

http://www.youtube.com/watch?v=y2aOccbfAqE

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber