Здравата исхрана и физичката активност се најдобриот начин за да го зачувате вашето здравје. Нутриционистите препорачуваат да внесуваме житарици, односно црн леб, ‘рж, интегрален ориз, пченка. Од зеленчукот најздрави се блитвата, спанаќот, брокулата, сите мешункасти зеленчуци и останатиот зелен лиснат зеленчук. Овошјето секогаш земајте го во свеж облик, а тоа нека бидат: јаболките, портокалите, сливите и овошјето кое содржи помалку шеќер. Од млечните производи земајте ги оние кои се со помала масленост. Здрав избор кога станува збор за месата се : пилешкото, телешкото и белата риба и ослич. Извор на масти нека биде маслиновото масло, оревите, бадемите и лешниците.