Пламнаа во оган четири куќи во Прилеп

popara12 јуни, 20111min00
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
Четири куќи изореа во пожарот кој вчера ги потресе граѓаните кои што живеат во ромската населба Тризла. Жителите обвинуваат дека противпожарната екипа пристигнала доцна и неподготвена.
Од прилепската противпожарна единица информираат дека пожарот бил пријавен во 10:15 часот на улицата Гостиварска број 34. Прво интервенирале три возила со тројца пожарникари за веднаш да пристигнат уште седум возила со седум пожарникари.
“Пожарот целосно е ставен под контрола во 11 часот. Скромните куќи од непечена цигла, што биле една наспроти друга целосно се опожарени. За среќа нема повредени, но во моментов не може да се процени настанатата материјална штета, ниту причините кои довеле до пожарот“, вели Станко Колески командир на Прилепската противпожарна единица.
Махмуд Јашароски, сопственик на една од куќите, изјави дека не бил во домот кога избувнал пожарот.
“Бев во чаршијата. Кога се вратив видов дека се е во пламен. Многу се исплашив, но за среќа никој не е повреден зашто сите други членови, 10-ина од семејството кои беа дома, веднаш излегле“, рече Јашароски.
Според кажувањата од другото семејство Мустафоски, од бандерата прво се јавил пламен и веднаш се проширил. Причините за пожарот ќе ги утврди инспектор од полицијата, а денеска на терен излезе и Општинската комисија за елементарни непогоди да направи процена на штетите од пожарот.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag