Новите истражувања на периферните региони на Сончевиот систем покажале дека во нашиот сончев систем постојат три потенцијални џуџести планети слични на Плутон, објавиле научниците од Институтот Карнеги во Вашингтон.
Научниците со помош на 1,3 метарски телескоп Варшава, кој е поставен во Чиле, го истражувале Кајперовиот појас. Овој појас се наоѓа на 30-55 астрономски единици од Сонцето, бил откриен во 1992 година.
Во ова истражување научниците откриле 14 “интересни објекти”, пренесува ИБ Тајмс, додека три од нив се доволно голем за да се класифицираат како џуџести планети. Како џуџести планети досега биле класифицирани Плутон, Церес, Наумеа, Макемаке и Ерис.