Пластика која сама се поправа

popara25 април, 20111min00
Пластика која сама се поправа

Американските научници пријавиле развој на нов пластичен материјал кој може сам да се поправа со изложување на обична светлина. Овој чудесен материјал може да го продолжи векот на траење и издржливоста на десетина продукти на база на полимери, почнувајќи од обични производи за домаќинство како пластичните кеси и канти, гуми, па и до скапи медицински апарати, пренесува француската новинска агенција AFP. Гумената пластика може да се најде во илјадници производи, но е многу подложна на оштетување предизвикано од гребење, сечење или бушење. За да се корегираат или поправат овие производи досега беше потребно загревање на оштетениот дел и ставање лепенки.

Тимот на научници од Case Western Reserve Универзитетот во Кливленд, предводен од експертот Кристофер Ведер, развил саморепарирачки гумен материјал кои содржи метал. Тој метал ги апсорбира ултравиолетовите зраци и гипретвара во локализирана топлина со која оштетените делови се поправаат. Таканаречениот “паметен“ материјал, со вградена способност за саморепарирање, би можел да биде корисен во многу индустрии, сообраќајната, градежната, индустрија за амбалажи, истакнува тимот од Кливленд. Меѓу синтетички полимери спаѓаат, вештачките гуми, неопрен, најлон, ПВЦ, полиетилен, силикон.

http://www.youtube.com/watch?v=h-fka0wfY8w&feature=player_embedded

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag