Плејбој зајачица и ѕвезда во акциони филмови сака да го купи Шефилд Венсдеј.

2 ноември, 20110
sybildanning_jlp_01112011_625

Некогашната ѕвезда на холивудски акциони филмови, а воедно и Плајбој зајачица, Сибил Данинг е заинтересирана за купување на англискиот фудбалски третолигаш Шефилд Венсдеј. Австријката чии голи потографии во 1980 се појавија во славниот Плејбој, веќе со години се бави со претприемништво, а нова прилика гледа во инвестирањето во фудбалски клуб.

“Сакаме да купиме англиски клуб со голема армија навивачи и со голем потенцијал. Шефилд Венсдеј се вклопува во тој профил. Станува збор за еден од најславните англиски клубови кој проаѓа во тежок период во изминатите неколку години. Веруваме дека можеме да му ја дадеме потребната енергија да се врати во Премиер лигата. Ако преговорите течат добро, веруваме дека ќе постигнеме договор”, рече 64-годишната Данинг.

Сегашниот сопственик на клубот Милан Мандарич неодамна изјави дека нема ништо против тоа да го продаде клубот доколку се најде купец кој има визија како да оствари напредок со клубот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi