Еден маж решил да го тужи „Плејбој“ бидејќи платил влезница на забавата на списанието, додека „разните убавици“ не го направиле тоа.
Стив Фрај од Лос Анџелес поднел тужба поради сексуална дискриминација. Тој тврди дека на Плејбој забавата под името „Кожа и чипка“, заминал со влезницата која чинела 1000 долари, но на самиот влез забележал дека девојките немаат влезници, ниту пак плаќаат за да влезат на забавата.
„Станува збор за двојни стандарди, базирани на сексуална дискриминација“, изјавил Фрај.
Тој од организаторот побарал парична оштета, иако не е познато која сума ќе му ја надомести „душевната болка“ предизвикана од плејбој зајачиците.