Пљачкосувања во Фукушима

popara4 јули, 20111min00
60925615-chilequaketsunami
Полицијата во јапонската префектура Фукушима уапсила група локални жители, кои ги ограбувале куќите на месното население, евакуирано по хаваријата во нуклеарната централа во март годинава.
Според органите на редот, станува збор за петмина млади Јапонци, осомничени за ограбување на десетина куќи, јави Итар-Тасс, пренесува Нетпрес.
Ограбувачите, од кои само еден имал 21 година, се товарат за 20 грабежи, во селото Хирономачи. Провалниците украле стотина компјутери и разни домаќински електрични уреди. Сите приведени ги признале кражбите во разговор во полициска станица, и раскажале дека во куќите влегувале преку прозорци, и дека пљачкосувале за да дојдат до пари за забава. Полициската истрага утврдила дека со кражбите уапсената група заработила околу 10.000 американски долари.
По хаваријата во атомската централа “Фукушима 1“, јапонските власти го евакуираа целото население во радиус од 20 километри околу нуклеарката, односно околу 80.000 лица.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag