По кралицата, Андреј Пејиќ има чест да го запознае и ѕверот

29 октомври, 20110
0

И двајцата се витки и без влакна на телото, но заедно изгледаат како “Убавицата и ѕверот”. Најженствениот модел Андреј Пејиќ (20) и најтетовираниот, Рик Генест (26) познат како Zombie Boy, двајцата ги споило Бразилски моден бренд во кампања која сака да го промовира правото на човекот да биде поинаков од другите. Пејиќ и Генест позирале полуголи и се држеле за раце.
Zombie Boy се прослави со учество во спотот “Born This Way” од Лејди Гага, а Пејиќ е познат по неговите руси коси, нежно лице и кожа како кадифе кое му донеле статус на еден од најуспешните манекени во светот. Неодамна, тој се запознал и со Англиската кралица, и во таа прилика одлучил да биде доследен на себе, носејќи фустан и високи потпетици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *