Почина Џек ЛаЛејн
23 јануари, 20110
![JackElaineLalanne](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/01/JackElaineLalanne-610x269.jpg)
Познатиот фитнес мајстор Џек КЛаЛејн почина во својата 96-та година од животот. Човекот кој се бореше за здрав живот, вежбање и промовираше бројни справи за вежбање, почина во својот дома, а причината била пневмонија. Болеста се искомплицирала при што дошло до компликации кај дишните патишта. Тој во Оукленд во 1936-та година го отворил првиот американски фитнес центар. Џек беше активен во фитнес салата и во својата 90-та година, кога вежбал по два часа дневно.