Сонцето е околу 13 пати појако од најсилниот хидроген кој го употребуваат фризерите, па затоа на косата и е потребна посебна нега во летниот период.
Експертите советуваат како да ја припремите и зајакнете косата пред заминување на море, но и да ја заштитите од негативните последици од сончевото зрачење.
Посетатата на фризер и интензивен третман за обнова на косата, особено ако е премногу третирана, ќе ја зајакне и подготви за летување. Но, доколку не стигнете, заштитете ја косата со кремаста маска која сами ќе ја нанесете дома.
Пред заминување на море, задолжително скратете ги испуканите врвови, бидејќи не само што допринесува за здрав и уреден изглед, кратењето дополнително го зајакнува коренот на косата. Колку е косата пократка, толку коренот на влакното се зацврстува, па модерната кратка фризура е идеална за лето.
Ако сепак сакате долга коса, овозможете и посебна нега во летниот период. Користете шампон и регенератор за фарбана коса, бидејќи овие производи се особено хранливи, па и косата која не е фарбана ја штитат од УВ зрачење.
Фарбањето на косата пред одмор треба да го избегнувате. Тоа ја суши косата, сонцето го осветлува влакното, а бојата избледува многу брзо. Затоа од летување можете да се вратите со оштетена коса и боја која никако не сте ја посакувале.