Компанијата Хонда, јапонскиот производител на автомобили, ја претстави новата верзија на роботот Асимо, и тврди дека ова е најпаметниот робот во историјата.
Ова е човечки робот, за кој сигурно веќе сте слушнале, бидејќи за прв пат е претставен пред 12 години, но сега трча многу побрзо од претходно, отвара боци, става пиење во чаша и скока на една нога.
Асимо има подобрена „уметничка интелегенција” и може самостојно да функционира без човечка контрола. Според претседателот на Хонда, Таканобу Ито, моториката му е значајно унапредена, и тој повеќе не е „автоматска” туку „автономна машина”. Тој го изјави ова на претставувањето на роботот во Саитама, во близината на Токио.
Технологијата која е користена при изработката на роботот се користи и во развојот на „роботската рака”, која би требало да помогне во решавањето на нуклеарната криза која се појави по разорниот земјотрес и цунамито кое го погоди североисточниот дел на Јапонија.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=lrHT_3cG_UI