Погребот на еден од најголемите пријатели на Македонија! Otto von Habsburg отиде во историјата!

popara17 јули, 20111min00
OttovonHabsburg

Погребот на Otto von Habsburg последниот наследник на Австро-унгарската империја, се одржа во австрискиот главен град со многу помпа и церемонии.

Тоа го означи крајот на неделата на церемонии откако телото на Otto von Habsburg беше донесено во Виена. Тој почина на 4 јули во својот дом во Германија, на возраст од 98 години.

На погребот присуствуваа кралски и политички лидери од цела Европа, меѓу кои и Шведскиот крал Густав со кралицата Силвија. Телото на последниот принц беше погребано во царската гробница, каде се и неговите предци, но неговото срце ќе биде однесено во Унгарија за да се погреба во недела, во согласност со Хабсбуршката традиција.

Неговата сопруга Регина која почина минатата година, ќе исто така погребана покрај него.

Otto von Habsburg беше противник на нацистите и говореше против германската анексија на Австрија во 1938 година. Тој подоцна се посвети за да ги донесе поранешните источно европски држави побкиску до Европската Унија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag