Шерил Кол повторно во тага…Ешли Кол нимфоман до даска

17 јули, 20110
ashleycole_cherylcolehthth_625_03112010_JLP

Шерил Кол веќе зажали што му се врати на поранешниот сопруг Ешли. Пејачката била многу повредена кога дознала дека фудбелерот, Ешли Кол се гледал со три жени во исто време кога се обидувал да се смири со неа. Поточно, во британските медиуми се јавиле три негови љубовници кои биле со него на почетокот на месецот. 29-годишната стјуардеса тврдела дека поминала ноќ со играчот на Челзи, во вилата во Беверли Хилс пред неколку недели. “Била со Ешли неколку пати, а последниот пат било пред неколку недели. Шерил тогаш беше многу чувствителна, а Ешли во тоа видел прилика да ја врати”, изјавува близок извор. Стјуардеста, наводно не знаела, ниту насетувала дека познатиот пар тој период се обидувале да се смират и била згрозена кога тоа го слушнала. “Жал и е за Шерил”, додава изворот.

“Збунета е и лута и сака да разговара со Шерил за се.”

Втората љубовница е Playboy зајачица со која се запознал во Холивуд, Каја Колинс.Таа е многу лута поради се што се случило, поради што по секоја цена сака да се соочи со Шерил, за да слушне што се случило помеѓу неа и Ешли. Каја имала кратка ромаса со Ешли пред неколку месеци, по запознавањето во вилата на Playboy. Повторно биле заедно пред неколку недели кога Ешли бил во Лос Анџелес.

Идентитетот на третата љубовница сеуште не е познат, но нема сомнеж дека тоа наскоро ќе биде откриено. Сите три девојќи го контактирале познатиот ПР експерт Макс Клифорд да им помогне да ја објават својата страна од приказната. “Последните неколку недели три девојќи беа во контакт со мене и тврдеа дека неодамна биле во некаква врска со Ешли Кол. Наскоро ќе видиме дали имаат некакви докази за нивните тврдења” вели Клифорд.

Шерил сеуште не дала никаква изјава. Таа во моментов во Лос Анџелес работи на својот нов албум. Пејачката неодамна купи нов стан во Лос Анџелес кој го платила 3 милиони фунти. Станот е прилично голем, но не е познато дали Ешли ќе се пресели во станот на Шерил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi