Немаа храброст да ги објават до сега!Ексклузивни фотографии од Јосип Броз направени мноогу одамна!

17 јули, 20110
0792007.48

Модните фотографии од претседателскиот пар на Југославија од 1952 до 1968 година, овозможија увид и поглед во дел од животите на Тито и Јованка, кои од очите на јавноста беше криен повќе од половина век.

Оваа изложба на фотографии е резултат на десетгодишно истражување на Музејот на југословенската историја, а фотографиите ги следат јавните појавувања на Тито во земјата и низ светот, додека од друга страна има и документирано ситуации кои би можеле да се сметаат за приватни.

На фотографиите може да се види како Тито и Јованка биле облечени на гала вечерата во Париз на 7 мај 1956 година, која била организирана од Рене Коти, или пак возењето со брод низ Сплит во 1952 година.

Фотографиите се дело на четри фотографи, кои го следеле Тито од 1953 година до 1980 година.

Момо Цвијовиќ за оваа интересна изложба изјавил дека на неа се изложени експонати со кои познатите репортери ги изострувале своите објективи.

Тој раскажал дека “скриените“ фотографии биле чувани во луксузни кожени кутии во работната соба на Јованка Броз, но кога резиденцијата ја превземал Слободан Милошевиќ кутиите биле преместени во Палатата на Кралот, а на кустосите од Музејот на историјата на Југославија не им бил дозволен пристап се до почетокот на 2002 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *