Покренат антимонополски процес против Google

25 јуни, 20110
google

Американската федерална комисија за трговина (FTC) покренала антимонополистички процес против гигантот Google. Станува збор за прва фаза од процесот која го прати официјалниот повик на раководителите на компанијата за да се изјаснат во врска со тужбата.

Раководството на Google веќе неколку пати морало да докажува за работењето на компанијата, пред се за купувањето на други фирми, а овој пат станува збор за главниот сегмент на неговиот делокруг и бизнис кое се состои од интернет пребарувањето и рекламирање.

Главното прашање е дали Google ги промовира своите сопствени интернет сајтови и услуги како што се Youtube, Maps, итн. Тоа е невозможно да се знае без користењето на алгоритмот, кој компанијата го држи во тајност.

Научникот Бен Еделман од Харвард спровел големо истражување чии резултати покажале дека сите веб пребарувачи се саморекламираат, но дека Google го право тоа многу повеќе од останатите.

Проблемот е во тоа што, како што истакнал Дени Саливан кој раководи со сајтот SearchEngineLand кој пак е специјализиран за пратење токму на интернет пребарувачите, тестирањето на некои клучни зборови на повеќето пребарувачи кои ги немаат во себе ништо научно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi