Полицијата ги „чешла“ профилите на Facebook и Twitter на педерите во Србија!

29 септември, 20110
srbija parada

Паника во Србија – поради геј парадата полицијата  почна  со „чешлање“  на профилите на социјалните мрежи Facebook и Twitter  .

Српската полицја и обвинителството со денови истражуваат низ профилите на социјалните мрежи и бројни други интернет страници, во потрага за оние кои се закануваат и повикуваат на пресметка со учесниците на геј парадата во Белград, која треба да се одржи во недела.

Бројни припадници на екстремистички организации и навивачки групи од цела Србија се повикуваат во полициските станици на информативни разговори. Проверките на интернет стануваат се поинтензивни.

„Ги преземаме сите потребни мерки за да се спречат нередите и насилството на улиците во Белград. Постојано се проверуваат интернет страници, форуми и социјални мрежи на кои повикуваат на насилство и претставуваат закана“, изјавил официјален претставник од српското МУП.

Не е тешко да се открие од каде доаѓаат заканите

ИТ експертот, Драган Варагиќ, открил дека полицијата секогаш може да открие од кој компјутер е испратена закана. До таквите лица лесно може да се дојде со помош на компјутер и интернет“, додал тој.

Горан Милетиќ од организацискиот комитет на геј парадата потврдил дека со уште неколку геј активисти бил повикан во полиција на информативен разговор, како и да дадат изјави за заканите кои се упатуваат кон нив.

„Тоа се пораки од типот: „уби“, „прободи“, „уништи“, упатени кон цела ЛГТБ поулација, но и на оние кои не поддржуваат“, додал Милетиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi