
Еден брачен пар од Велика Британија одгледувале декоративна билка која имала мирис сличен на марихуаната. Тоа не само што ги залажувало тинејџерите кои многу често барале дрога од брачниот пар, туку го измамило и полициското куче, кое декоративната билка ја помешало со марихуана.
Крис и Ен Винсент биле пријавени во полиција откако комшиите на неколку пати виделе група млади лица кои им доаѓаат на врата и им бараат марихуана. Ен Винсент (57) со години се занимавала со цвеќиња, а некои од билките биле засадени во двор на куќата уште пред тие да се вселат во неа.
„Не знаевме која е оваа билка, а во последните три години многу често ни доаѓаа на врата тинејџери и кажуваа дека чувствуваат мирис на марихуана и се интересираа за цената“, изјавил Крис Винсент (58).
Полицијата го претресла домот на брачниот пар, а потоа било заклучено дека станува збор за билката со име Moss Phlox која има розови цветови и воопшто не наликувала на марихуана, но мирисот е она по што се иднтични. Полицијата го советувала брачниот пар да ја отстранат билката за да не дојде до слични непријатни ситуации.
