Полска денеска го презема претседавањето со ЕУ

popara1 јули, 20111min00
Polish-Palooza-

Полска денеска го презема претседавањето со Европската унија од Унгарија. Цел на земјата како претседавач со ЕУ е да го зајакне заедничкиот пазар, да ја прошири Унијата на Западен Балкан и да ја поврати довербата во европските институции.

Првото претседавање на Полска, која се приклучи кон ЕУ во 2004 година, ќе биде сконцентрирано на земјоделската политика, енергетската безбедност, новиот европски буџет  за периодот од 2014 до 2020 година, зајакнување на политиката за европско соседство, пред се’ на истокот и југот, но ќе иницира и дебата за “вредностите засновани на учењето на папата Јован Павле Втори“.

По сите овие прашања во ЕУ постојат длабоки поделби и Полска не очекува преку нејзе да бидат премостени разликите, но со сигурност земјата добро се позиционира за да придонесе кон нивно решавање.

Според Лисабонскиот договор ротирање на претседателството во голема мерка е церемонијална функција и државата која претседава вообичаено е задолжена да создаде рамки за европска агенда и претседавање со состаноците на Советот на европски министри.

Полска го презема претседателството во момент кога е зголемена загриженоста од изразениот популизам и национализам во некои земји членки што го доведе во опасност процесот на европски интеграции, пред се’ Шенгенскиот договор и заедничката валута.

За разлика од овие трендови, жителите на Полска се европски расположени и се надеваат дека во текот на нивното претседателство ќе успеат да создадат нов бран оптимизам во европските работи.

Статистичките податоци ја потврдуваат расположеноста на Полска за продолжување и забрзување на процесот на проширување, каде што 74 отсто од Полјаците го поддржуваат проширувањето на ЕУ на Западен Балкан, додека нивото на поддршка за овој процес во Европа изнесува 47 отсто.

Во рамки на подготовките за преземање на шестмесечното претседателство, Полска во Брисел отворила нов штаб во кој се вработени повеќе од сто нови претставници.

Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag