Полудеа и Америте :) Секој 10-ти на апчиња за среќа! :) Кој е таму толку наивен?! :)

21 октомври, 20110
105910

Секој десети американец постар од 12 години пие антидепресиви, лекарствата кои станаа многу популарни во последните неколку децении, покажуваат резултатите од едно истражување кое го спровело американскиот центар за контрла и превенција од болести.

Во студијата во која биле вклучени 12.000 луѓе, се наведува дека антидепресивите редовно ги земаат 11% од американците, од кои поголемиот борј се жени.

Истражувањето покажало дека во период од 2005 до 2008 година користењето на антидепресивите пораснало за 400%, во однос на периодот од 1988 до 1994 година, и дека тие лекови се трети на листата кои докторите ги препишуваат на лицата на возраст од 18 до 44 години.

Речиси една четвртина од Американците (23 %) на возраст од 40-59 години се бори со депресијата и зема лекарства, а жените се застапени 2,5 пати повеќе од мажите. Студијата исто така покажала дека белците се повеќе склони на антидепресиви, отколку црнците.

Повеќе од 60% од луѓето во Америка овие лекови ги користат најмалку две години, околу 14% од нив ги земаат повеќе од 10 години.

Антидепресиви, кои првично беа наменети само за депресија, денес се користат и да се третираат голем број на проблеми како што се анксиозност, опсесивно компулсивно нарушување, булимија, па дури и пост трауматски стрес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma