Ако понеделник ви е еден од најлошите денови од неделата и ако се борите да најдете причина за да се насмевнете, знајте дека не сте сами – според новото истражување во понеделникот е многу подепресивен отколку што претходно се мислеше.
Како што истакнуваат научниците, понеделникот е толку депресивен ден што повеќето луѓе дури и не успеваат да насмевнат сè до 11 часаот и 16 минути.
Истражувањето спроведено од страна на британскиот производител на храна Мармита, покажало дека околу половина од вработените во понеделник доцнат на работа, и дека во текот на работното време само три и пол часа работат продуктивна работа.
Експертите велат дека на омраза кон понеделникот е длабоко вкоренета во нас.
По викендот, вработените мора да се вратат на работа, разговараат и се дружат со колегите за да се вклопат.
“Ние сме во суштина сме пештерски луѓе во костуми и имаме потреба да се чувствуваме како дел од племето, па го трошиме понеделникот пиејќи чај или кафе со колегите, со цел да обезбедиме врска и да се спремиме за продуктивен остаток од неделата”, вели клиничкиот психолог Алекс Гарднер.
Сепак, други студии покажале дека недела, а не понеделникот, е подепресивен ден во седмицата.
Научниците од Универзитетот Готембург во 2009 година откриле дека најтемниот и најдепресивниот ден во Германија е недела, а според резултатите од истражувањето од 2008 година и Американците се чувствуваат најистрошени и депресивни недела.
Со оглед на тоа дека секоја недела ние треба да го преживееме тој депресивен понеделник, важно е да се најдат начини да се намали депресијата.
Затоа, научниците советуваат активности како што се гледање телевизија, секс, онлајн шопинг, планирање одмор, шминкање и чоколадо.