Што ги нервира жените за време на секс?

9 август, 20110
sto ja nervira zenata za vreme na seks

Егзибициите во креветот некогаш можат да бидат доста непријатни. Веќе подолго време сте во врска, а не знаете како да му објасните на партнерот дека ужасно ве иритира кога за време на предиграта грубо ги грицка вашите брадавици или грубо ги пика прстите “таму доле“.

Иако се обидува да ви покаже колку си одговарате или колку ве сака, вие сепак би му кажале дека некои работи  е подобро да не ги прави за време на сексот.

Клиторисот бара нежност

Многу девојки сакаат кога партнерот ги задоволува орално пред жестокиот секс. Постојат жени со премногу чувствителен клиторис, како и такви кои не се доволно сигурни во себе бидејќи се срамат од изгледот на вагината, па им е потребно малку време да се опуштат. Мажот треба да биде доволно трпелив и внимателен за да знае што најмногу и одговара на жената, а не да го “напаѓа“ половиот орган на својата партнерка. Главата на пенисот и клиторисот имаат приближно ист број нервни завршетоци, па грубиот притисок е многу непријатен.

Груба игра со вагината

Иако поголем дел од мажите знаат да ја најдат Г точката и ја разбираат нејзината важност, за некои, од само нивни познати причини, мислат дека вагината е многу важна, па без никаква најава за време на предиграта грубо ги пикаат прстите во неа. Сексолозите истакнуваат дека тоа е најголемата грешка на мажите, таков вид на постапка за време на сексуалниот чин е многу лоша, бидејќи за жената тоа е болно, грдо и непријатно чувство и без оглед на тоа колку ќе и одговата сексот понатаму, повторно ќе стравува да не се случи тоа уште еднаш.

Забите подалеку од брадавиците

Женските гради се нежни и не треба да им служат на мажите за јакнење на мускулите на рацете. Иако има жени на кои не им пречи малку груба игра, сепак голем е бројот на оние кои едноставно не сакаат нивниот партнер силно да им ги притиска градите. Грубото грицкање на брадавиците, кои се исклучително чувствителни, никако не се препорачува.

Нека не ви ја турка главата доле

Речиси кај сите девојки и жени се создава одбивност кога партнерот, во љубовен занес, со раката ја турка главата кон пенисот. Во таквите ситуации може многу лесно да дојде до фијаско уште на самиот почеток, бидејќи девојката се чувствува понижено, а нејзината желба за секс исчезнува уште во истата секунда. Мажот теба спонтано да и даде до знаење на девојката што сака, а на неа е да одлучи дали во тој момент ќе му овозможи таков вид на задоволство на својот партнер.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi