Многу работи имам слушнато и видено, но ова досега не ми се случило, некои ме обвинуваат дека во мојот спот Price Tag сум покажала симбол 666. Не гледам тука ништо лошо, јас не сум сатана, изјавила Џеси Џej, која деновиве и со скршена нога настапувала на фестивалот Glastonbury.
Не знам како сето тоа да го протолкувам, денес светот е полн со омраза. Луѓето ми пишуваат да се заразам со сида, да заболам од рак, некои пак ми се закануваат и со физичка ликвидација. Тоа е страшно не можам да разберам кој е разлогот за такви клевети, изјавила Џеси Џej.