Поради зависност од компјутерски игри и било одземено старателството

slobodan19 јануари, 20111min00
game-controller

На една мајка од Униотаун во Пенсилванија го изгубила старателството над своите шест деца поради зависност од компјутерски игри. Додека Елизабет Рафнер играла игри децата живееле во нечиста куќа и животински измет. Куќата не била исчистена неколку години, а на мајката тоа воопшто не и сметало. Од полицијата изјавиле дека децата, меѓу кои најстариот има 11 години, спиела на душек и дека имале многу малку храна. “Во кујната немаше храна, во собите имаше душеци на земјата на кои спиеле децата. Изгледаше како душеците да ги земале од некој отпад со оглед на тоа колку беа валкани“, изјавиле од полицијата. Сопругот на Елизабет изјавил дека му било тешко сам да се грижи за шест деца. “Јас одам на работа и немам многу време да се грижам за нив. Им купував храна, чистев, ги капев, но тоа стана премногу за мене“, изјавил Џејмс Борд, сопруг на Елизабет. Борд додал како социјалната служба и ги одземала децата на Елизабет, но и дека таа не престанала да игра игри. Полицијата планира да ја пријави Елизабет за кривично дело загрозување на деца.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma