Поранешен француски државен секретар Жорж Трон е обвинет од три жени за силување и сексуално злоставување,а против него била покрената истражна постапка.
Трон, вчера бил пуштен на слобода по дводневен притвор.
Тој бил уапсен на почетокот на неделата и изведен пред истражен судија во Еври покрај Париз.
Државното обвинителство го потврдиле “покренувањето на истражна постапка заради силување и сексуално злоставување“.
Кривични дела од овој вид може да бидат казнета со затвор во времетраење и до 20 години.
Адвокатот на Трон рекол дека истражниот судија го пуштил неговиот клиент на слобода со мерката забрана за разговор со жените кои го обвиниле за кривичното дело.
Полицијата на крајот на мај покренала истрага против овој француски политичар кој потоа поднел оставка на местото државен секретар.
Но, и покрај тоа продолжил со својата градоначалничка функција во Дравеј кај Париз.
Две претходни соработнички поднеле пријава против Трон бидејќи биле изложени на сексуални напади заради кои подоцна станале депресивни. Подоцна уште една жена поднела пријава против францускиот политичар.
Обвинителот Мари Сузан Лек рекла дека Трон негирал дека имал било каков однос од сексуална природа со жртвите. Таа додала дека изјавите на двете жртви се слични и се поклопуваат во неколку точки од “надворешните елементи“.
Извор: Нетпрес