Документарен филм за животот на починатата поп-ѕвезда Мајкл Џексон, “Животот на иконата” премиерно во средата беше прикажан во Лондон.
Во филмот се прикажуваат снимки и фотографии на кралот на поп музиката кои досега не беа објавени, како и интервјуа со семејството и блиските пријатели.
“Се разбудив едно утро и одлучив да направам филм за животот на Мајкл, затоа што сум уморен од читање на измислени приказни, па сакам да ја наведам вистината, но, исто така и да покажам нешто ново”, рече продуцентот Дејвид Гест.
Документарецот беше прикажан во периодот кога во Лос Анџелес е завршницата од судењето на докторот на Џексон, кој е обвинет дека го има убиено.