Потребно ли е месо во исхраната на бебињата?

11 јули, 20110
meso vo ishranata na bebinjata

Околу ова прашање се кршат копјата меѓу нутриционистите и вегетаријанците. Едните секогаш ќе имат аргументи “за”, другите “против” месото во исхраната на луѓето, а особено во исхраната на децата до една година.

Но факт е дека на човекот, а особено на детето кое интензивно расте и се развива, му треба железо.

Во месото и во јајцата железото го има во облик кој лесно може да се прими во организмот. Затоа нутриционистите советуваат на дете од 8 месеци три пати неделно да му се става 30г месо во кашичката.  Најмногу железо има во телешкото, јагнешкото и свинското месо, но и пилешкото може да биде корисно.

Еве еден трик за мајките кои немаат многу време. Сварете поголемо парче месо, иситнете го додека да добие кашеста структура и потоа замрзнете го поделено на коцки. Така во секоја кашичка ќе можете да ставите по една коцка месо и со тоа да го збогатите оброкот на детето.

За мајките вегетаријанки

Ако сте вегетријанка и не сакате на детето да му давате месо, тогаш мора да внимавате детето да добива доволно железо преку исхраната. Тоа може да се постигне ако во кашичка богата со витамин Ц, како на пример кашичка од брокули или карфиол, додадете зобни или снегулки од просо кои содржат железо. Исто така во кашича од гриз можете да додадете три лажици кашича од јаболко или круша и со тоа да му направите слатка и здрава кашичка на детето.

Причината поради која треба да се мешаат житарки и овошје и зеленчук е тоа што витаминот Ц му помага на телото да го прими железото од житарките.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit