Потресната исповед: Mе силуваше, a потоа ме продаде на Цигани!

popara10 јуни, 20111min00
3

М.М. (во приказната Мирјана – 44 години) од Перлез имала живот каков што секој може само да посака. Атрактивна русокоса, студент на генерацијата, завршила прва во класот, работела како професор по литература, се омажила за успешен и имотен маж, имаа деца… И тогаш, нејзиниот живот се претвори во хорор.

– Се започна пред неколку години кога еден човек тајно ме фотографирал гола низ прозорот – се сеќава Мирјана. – А, сликите ми ги покажа по само после неколку месеци и за истите ми бараше 150 евра за да не ги објави. Во страв за иднината на бракот и семејството, паднав на класичната уцена, платив без да размислам, никогаш не се посомневав дека ова е само почеток “на нешто што нема да има крај.” Со текот на времето, цената се повеќе се зголемуваше па дури и барањата стануваа бизарни.

Плашејќи се дека сопругот може да дознае сé и да ја остави, Мирјана му плаќала на уценувачот и се подлабоко тонела.Од заедничката каса земала се поголеми и поголеми износи на пари, а откако ја потрошила цела заштеда, почнала да се согласува на секс со изнудвачот. Сепак, овде не бил крајот.

– Тој ме одведе на паркинг, почна да ме удира и да ми се заканува со пиштол. Ме принуди да имам секс со потполно непознат маж – вели Мирјана. – Кога видов дека немам излез, се предадов, ме соблекоа, а потоа почнаа да ме снимат со камера. Тоа подоцна им служеше за нови и поголеми бизарни барања.

Тие го сакаа целиот фамилијарен имот

Како одминуваше времето така целосно ја изгубила самодовербата, се согласувала на сè што треба, само никој да не ја дознае вистината. Ова траело додека не се обидоа да и ги земат целиот фамилијарен имотот.

– Ми ги ставија документите под нос и ме принудија да ги потпишам. Кога категорично одбив, тој ме продаде на некои цигани. Во куќата во која ме однесоа циганите буквално се изживуваа врз мене, се редеа и по дваесетина мажи. Плачев, се онесвестив, молев за милост, барав да ме пуштат. Ми се чинеше дека тоа ги забавуваше и ги стимулираше да бидат уште погруби – вели Мирјана.

Тогаш се случи првиот обид за самоубиство, но сопругот ја спречи во тоа. Потоа му ја раскажала целата ситуација , а тој сосема неочекувано, одлучил да се бори заедно со неа. Но, неговата прошка не била доволно. Наскоро повторно истите луѓе им се заканува дека ќе ја киднапираат нивната петнаесет-годишна ќерка.

Мирјана одбивала да излезе од дома, не одговорала на телефонот, но заканите станувале се поопасни и поконкретни. Морала, да се согласи, само да и го остават детето на мира.

– Секогаш до себе имав доволна количина на апчиња за да се убијам. Чекав да помине уште еден ден, со надеж дека утре ќе се разбудам од овој кошмар… Потоа, одеднаш, мојот стар макро повторно почна да ме продава, но овој пат во Белград. Овој пат, клиенти ми беа постари лица – ја продолжува Мирјана својата исповед.

Според нејзините сознанија, човекот бил сопственик на агенцијата за заштита на стари лица и на тој начин се здобивал со нивната доверба. Тој им предлагал во последните денови од животот да вкусат уште еднаш незаборавен секс. Сепак, Мирјана не можела ниту да претпостави која е скриената причина за оваа “добротворна цел”.

Шок во полицијата

– Кај еден стар човек бев три пати по ред, а последната вечер да влезе еден маскиран човек и почна да го тепа, малтретира и да му покажува некакви документи – се сеќава Мирјана. – Кога бев во колата со мојот макро и седевме на паркинг, му стигна порака: “Падна уште еден стан, старецот омекна.” Верувам дека ги убедуваа старите луѓе, на директен или индиректен начин, со тоа што им ги ускратуваа нивните лекови или пак ги уценуваа со фотографии…Целта, се разбира, им беше нивниот имот. Мафијата претходно собраа фиктивни договори за купо-продажба, а на нивната блиска фамилија ќе им ги покажеа компромитирачките фотографии. Верувам дека на овој начин беа земени најмалку педесетина станови.

Кога брачниот пар најде сила да се го пријави случајот, наиде на нов шок.

– Во полициската станица беа рамнодушни спрема мене и мојот сопруг, не сакаа да поверуваат во тоа што им го раскажував. Започнаа истрага дури откога се вмеша во целата приказна полицијата од Белград – раскажува Мирјана.

И покрај поднесените кривична пријави против киднаперите, тие се сеуште на слобода. Повеќе не ги вознемируваат по телефон, но сепак, понекогаш, поминуваат со автомобилот пред нивната куќа, сакајќи да им покажат дека никој не им може ништо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag