Во Германија досега починаа 14 лица, додека 1,400 граѓани се заразени со цревната бактерија ЕХЕЦ.
Иако заразата и понатаму продолжува да се шири, во болниците во Хамбург, кој е еден од најзагрозените региони, бројот на новопримени пациенти бил значително помал од претходните денови.
Иако уште минатата недела испитувањата на зеленчукот покажаа дека краставиците увезени од Шпанија биле загадени со опасна цревна бактерија, експертите се уште не можат да утврдат кои точно намирници довеле до предизвикување на заразата и што довело до нејзното брзо ширење.
Извор: Нетпрес